fbpx

(ВИДЕО) Австралија ќе го добие најголемиот хотел во светот

-

Австралија наскоро ќе го добие најголемиот хотел во светот, откако хонгконшкиот милијардер Тони Фунг ќе го реализира проектот „Аквис“.
Станува збор за хотел со шест ѕвезди, со 7.500 соби и со казино, а ќе се наоѓа надвор од градот Кернс.

Сепак, проект вреден 8,15 милијади австралиски долари, засега е заглавен бидејќи Комисијата за игри на среќа на Квинскленд не сака да го забрза процесот за издавање дозвола за казиното. Сепак, планот за хотелскиот ресорт ќе се реализира.

Ресортот, кој ќе се наоѓа 15 километри северно од Кернс, исто така, ќе поседува голф-терен со 18 дупки и со лагуна.

Во моментов, најголемиот хотел во Австралија е „Фот поинст“ на „Шератон“, кој поседува 682 соби, што е за 11 пати помалку од тоа што се предвидува со проектот „Аквис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Наследниците на Манаки“: Младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола

Филмот има многу дефиниции. Тој е раскажување приказни, откривање внатрешни светови. Филмот ќе се развива сè додека се развива технологијата. Ова денеска, на младите битолчани им го кажа режисерката...