Вицепремиерот Фетаи добил закани на мејл, бара зголемени мерки за безбедност

Тој вели дека го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од кого побарал акција и зголемување на мерките за неговата лична безбедност. Додава дека во подготовка е пријава за случајот

-

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на службениот мејл добил порака со закани по живот. Информацијата ја сподели на својот Фејсбук профил, каде тврди дека заканата пристигнала по неговата вчерашна изјава за отстранување на поимот „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.

„Емаилот е насловен ‘КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ’ и содржи ваква порака: ‘20 процентот нема да се промени, но сè што е шиптарско ќе ве убиеме со куршум во глава. Да изумрете, мртов шиптар, добар шиптар; смрт за шиптарите’“, напиша Фетаи.

Тој вели дека го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од кого побарал акција и зголемување на мерките за неговата лична безбедност. Додава дека во подготовка е пријава за случајот.

„Истовремено, ги известувам сите оние со племенски начин на размислување дека нема сила што ќе нè спречи во одговорноста што сме ја преземале како функционери на коалицијата ВЛЕН. Потсетувам дека албанскиот јазик не претставува закана за ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка, и затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за манипулаторите од овој вид да ја попречат нашата работа“, пишува Фетаи во својата објава на Фејсбук.

 

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...