Вицепремиерката Грковска разговараше со естонскиот претседател Карис на тема дигитализација

-

На маргините на дигиталната конференција „E-governance“ која што се одржува во естонскиот главен град Талин, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска имала средба со претседателот на Естонија Алар Карис, со кој разговарале за предностите што дигитализацијата на општеството ги обезбедува за сите граѓани.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Естонија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од владината прес-служба.

Претседателот Карис оценил дека е многу важно државата да има координиран пристап во сите чекори што ги презема во делот на дигитализацијата и нагласи дека искуството на Естонија може да помогне во сите фази на дигитализацијата. Тој потенцирал дека секоја држава, вклучително и Естонија, во спроведувањето на оваа реформа се соочува со предизвици, но со позитивен пристап тие секогаш се надминуваат.

Двајцата соговорници се согласиле дека дигитализацијата носи многу предности, особено за граѓаните во чиј интерес е да имаат ефикасни и брзи услуги.

Она што е важно, оцени вицепремиерката Грковска, е граѓаните да имаат доверба во институциите на системот, а тоа може да се постигне со транспарентно работење во интерес на граѓаните.

Дигитализацијата, вели Грковска, освен што ја зголемува ефикасноста на институциите и на услугите што тие ги даваат, обезбедува и транспарентност во работењето на државните органи, што е клучно за принципот на добро владеење.

Заменик претседателката на Владата Грковска денеска имала средба и со Сим Сикут, естонски експерт за дигитализација, кој имал клучна улога во процесот на дигитална трансформација на естонското општество.

Естонскиот експерт Сикут оценил дека во овој процес е важно да се има политичка волја во спроведувањето на оваа реформа, а во центарот на тој процес треба да бидат граѓаните.

Вицепремиерката Грковска, во рамки на Проектот за унапредување на дигитализацијата на Република Северна Македонија, а во соработка со естонскиот Центар за меѓународен развој и со поддршка на Соединетите Американски Држави, е во тридневна посета на естонските институции кои се носители на естонското дигитално општество.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...