Skip to content
среда, 22 јули, 2026
  • MK
  • EN
  • AL
  • BCS
Meta.mk
  • Насловна
  • Македонија
    • Медиумска опсерваторија
    • Економија
  • Свет
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • Проверка на факти
    • Мета факт
  • Ctrl – Z
    • АРТ
    • ВИДЕО
    • ВИЗ
    • ГЕЈМИНГ
    • ИНОВАЦИИ
  • Медиумска опсерваторија
  • Економија
Meta.mk
  • Насловна
  • Македонија
    • Медиумска опсерваторија
    • Економија
  • Свет
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • Проверка на факти
    • Мета факт
  • Ctrl – Z
    • АРТ
    • ВИДЕО
    • ВИЗ
    • ГЕЈМИНГ
    • ИНОВАЦИИ

  • MK
  • EN
  • AL
  • BCS

ВИ чет ботови во борба против дезинформации за родови прашања

Платформата genderai.net нуди можност за проверка на слични тврдења со помош на ВИ чет-ботови развиени специјално за препознавање и спротивставување на дезинформации поврзани со родот во дигиталниот простор

28.05.2025 | 13:50
Од: Антонија Поповска
Сподели:
Принтскрин од genderai.org

„Родова еднаквост значи да им се дадат повеќе права на жените одошто на мажите“ или „Феминизмот е насочен против мажите“ – ваквите тврдења се примери на дезинформации што можат да поттикнат предрасуди и негативни ставови кон родовата еднаквост и феминизмот како движење за еднакви права.

Платформата genderai.net нуди можност за проверка на слични тврдења со помош на ВИ чет-ботови развиени специјално за препознавање и спротивставување на дезинформации поврзани со родот во дигиталниот простор.

Станува збор за иницијатива во рамки на проектот „Чет-ботови со вештачка интелигенција за борба против МДМ и заштита на родовата еднаквост“, што го спроведува Здружението „Акција Здруженска“ во соработка со дел од наставниот кадар од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје.

Против дезинформации и страв од „родот“

„Платформата произлезе од потребата за развој на локални, иновативни и ефикасни алатки за справување со штетите предизвикани од манипулации и лажни информации пласирани од анти-родови движења. Тие ја девалвираа темата на родова еднаквост, ги сатанизираа феминистичките активистки и создадоа страв од самиот поим ‘род’, особено кај граѓани кои претходно никогаш не чуле за него“, вели Марија Савовска, извршна директорка на „Акција Здруженска“.

Марија Савовска, директорка на „Акција Здруженска“. Фото: Веб-страница на „Акција Здруженска“

Првично алатките биле наменети за студентската популација, но со цел нивна поширока употреба. Платформата веќе се користи и како едукативен ресурс за локални женски организации, жени и девојки од рурални средини и други заедници кои ги поддржува здружението. Во следните фази, се планира посеопфатна едукација и понатамошен развој на алатките.

Поддршка за учење, истражување и критичко размислување

Чет-ботовите функционираат преку анализа на текстови, детектирање на неточни информации и објаснување зошто одредена содржина е проблематична, со што корисниците добиваат можност за критичка проценка на изворите.

„Студентите најчесто ги користат овие алатки за практична поддршка при подготовка на семинарски, учење и истражување. Ботовите помагаат во објаснување на теоретски поими, давање дефиниции, историски контексти и пристап до релевантни извори“, вели Мартина Лозаноска, асистентка на Институтот за родови студии.

Пример од проверка на тврдење во врска со феминизмот. Фото: Скриншот, веб-страница gender.ai

Таа додава дека алатките се покажале како особено корисни за разбирање на теми како родова еднаквост, дискриминација, интерсекционалност и медиумска писменост. Студентите ги доживуваат како логични, достапни и прецизни, а дел од нив истакнале дека со помош на чет-ботовите полесно ги совладале посложените поими.

Мартина Лозаноска, фото: лична архива

Поширока примена и идни подобрувања

Покрај студентите, ВИ чет-ботовите ги користат и наставници, истражувачи, активисти и други граѓани заинтересирани за примената на технологијата во својата работа. Алатките се користат за анализа на говор на омраза, медиумски содржини и општествени трендови, како и при подготовка на извештаи и едукативни материјали.

„Ботовите се лесни за користење, не бараат техничко знаење и можат да бидат ресурс за самоедукација за пошироката јавност, вклучувајќи наставници и активисти“, вели Лозаноска.

Таа најавува дека следната цел е да се унапреди квалитетот на комуникацијата – со побрзи и посоодветни одговори, подлабока содржина и попрецизно разбирање на сложени теми.

Имплементаторите на проектот предвидуваат и развој на мултимодални способности – анализа на слики и аудио, подобро контекстуално разбирање и транспарентност во начинот на кој ВИ ботовите доаѓаат до своите одговори.

Ознаки: АИ, Акција Здруженска, родова еднаквост, чет-ботови

Сподели:

Повеќе од оваа категорија

Во Либерија запленет кокаин вреден повеќе од 370 милиони долари, меѓу уапсените е лице од Србија
Во Либерија запленет кокаин вреден повеќе од 370 милиони долари, меѓу уапсените е лице од Србија
Водата во Валандово да се користи само како техничка вода поради присуство на арсен
Водата во Валандово да се користи само како техничка вода поради присуство на арсен
Филипче го класифицираше намерното блокирање на евроинтеграцијата како „државен удар“
Филипче го класифицираше намерното блокирање на евроинтеграцијата како „државен удар“
Вчера измерен ветер со брзина до 134 километри на час
Вчера измерен ветер со брзина до 134 километри на час
Анкета за читателите на Мета.мк
Za nekogo pogolem morkov, za nekogo pogolem stap

МАКЕДОНИЈА

Повеќе →
Водата во Валандово да се користи само како техничка вода поради присуство на арсен

Водата во Валандово да се користи само како техничка вода поради присуство на арсен

јули 22, 2026

Филипче го класифицираше намерното блокирање на евроинтеграцијата како „државен удар“

Филипче го класифицираше намерното блокирање на евроинтеграцијата како „државен удар“

јули 22, 2026

Вчера измерен ветер со брзина до 134 километри на час

Вчера измерен ветер со брзина до 134 километри на час

јули 22, 2026

Мицкоски најави дека штетите од невремето ќе се констатираат и согласно закон сето тоа ќе биде рефундирано

Мицкоски најави дека штетите од невремето ќе се констатираат и согласно закон сето тоа ќе биде рефундирано

јули 22, 2026

СВЕТ

Повеќе →
Во Либерија запленет кокаин вреден повеќе од 370 милиони долари, меѓу уапсените е лице од Србија

Во Либерија запленет кокаин вреден повеќе од 370 милиони долари, меѓу уапсените е лице од Србија

јули 22, 2026

Зеленски го разреши командантот на украинската армија Сирски, по протестите во Киев

Зеленски го разреши командантот на украинската армија Сирски, по протестите во Киев

јули 22, 2026

Објавени нови документи со детали за обвиненијата против браќата Тејт во Велика Британија

Објавени нови документи со детали за обвиненијата против браќата Тејт во Велика Британија

јули 22, 2026

Франција стана првата земја од ЕУ што го забрани пристапот до социјалните медиуми за лица под 15 години

Франција стана првата земја од ЕУ што го забрани пристапот до социјалните медиуми за лица под 15 години

јули 22, 2026

Војната во Иран досега ги чинела САД 37,5 милијарди долари, објави Пентагон

Војната во Иран досега ги чинела САД 37,5 милијарди долари, објави Пентагон

јули 22, 2026

Претседателот на Никарагва се обидува да го продолжи своето дваесет годишно владеење и вели дека нема да има избори наскоро

Претседателот на Никарагва се обидува да го продолжи своето дваесет годишно владеење и вели дека нема да има избори наскоро

јули 21, 2026

НАЈНОВИ ВЕСТИ

АРНО организира бесплатна онлајн работилница „Гугл мапс“ за почетници

АРНО организира бесплатна онлајн работилница „Гугл мапс“ за почетници

јули 22, 2026

Во Куманово 341 дете останаа без место во градинка, родителите растргнати помеѓу работата и грижата за деца

Во Куманово 341 дете останаа без место во градинка, родителите растргнати помеѓу работата и грижата за деца

јули 22, 2026

Шар Планина има доволно вода, а Тетово и Гостивар се соочуваат со кризи, институциите затајуваат во управувањето со водниот систем

Шар Планина има доволно вода, а Тетово и Гостивар се соочуваат со кризи, институциите затајуваат во управувањето со водниот систем

јули 22, 2026

Центарот за управување со кризи добиле над 8300 повици по силното невреме што го зафати Скопје

Центарот за управување со кризи добиле над 8300 повици по силното невреме што го зафати Скопје

јули 22, 2026

Ветер и пороен дожд ќе има и попладнево, предупредува УХМР

Ветер и пороен дожд ќе има и попладнево, предупредува УХМР

јули 22, 2026

Meta.mk
Новинска агенција „Мета.мк“
Адреса: Франклин Рузвелт бр. 19, 1000, Скопје
Тел: +389 2 3109 883
Email: [email protected]
  • Импресум
  • Методологија
  • Услови за користење
  • Контакт
  • За нас
Освен ако е изрично наведено поинаку, содржините на Мета.мк се заштитени со лиценцата Криејтив комонс "Наведи извор - Некомерцијално 2.5"
  • MK
  • EN
  • AL
  • BCS