fbpx

Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС e избран за претседател на бугарскиот Парламент

-

Со 139 гласа „за“ и 73 „против“ за претседател на бугарското Народно собрание е избран Вежди Рашидов. Тој денес на претседателскиот совет, како член од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, беше номиниран од четири партии, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Неговата кандидатура беше поддржана од ГЕРБ, БСП, ДПС и „Бугарски подем“. Против гласаа пратеници од „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а целата пратеничка група на „Преродба“ беше воздржана.

Изминатите три дена бугарските пратеници во пет обиди пробаа да го изберат претседателот на 48. Народно собрание, но попусто. Петтиот обид за избор на собраниски спикер за одржа утринава кога за претседател на Парламентот беше предложена Цвета Рангелова од „Преродба“, но немаше поддршка од доволен број пратеници.

Инаку, Вежди Рашидов е роден на 14 декември 1951 година во Димитровград. Дипломирал на средното уметничко училиште во Софија, а во 1978 година дипломирал на Уметничката академија, насока „Скулптура“, каде подоцна предавал. Бил министер за култура на Бугарија од 2009 до 2013 и од 2014 до 2017.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...