fbpx

Вевчанскиот василичарски карневал може да почне

-

Надалеку познатиот Вевчански василичарски карневал, веројатно најстарата организирана и најоригинална манифестација воопшто кај нас, велат организаторите, може да почне. Годинава ќе трае и подолго, од 9 до 14 јануари 2015 година, со нови содржини и со спектакуларност. За Стара нова година и за Василица на Вевчанскиот карневал, се очекуваат најмалку 50.000 посетители и тоа дневно, од земјава и од странство, велат домаќините.
Програмата е готова, ќе бидат одржани низа свечености, промоции, перформанси, концерти на познати музички групи и, секако, традиционалната карневалска поворка, која ќе финишира со традиционалното палење на маските на 14 јануари, со што и официјално ќе биде затворен Вевчанскиот карневал.

Манифестацијата веќе ја потврди главната музичка програма, што ќе се одржи на 12 и на 13 јануари, а која пред посетителите ќе ги претстави настапите на повеќе значајни музички имиња од земјава и од регионот.

На 12 јануари во рамки на оваа програма во Вевчани со концерт ќе гостува „Суперхикс“, нашата најактивна „банда-инструментале“, која е позната по енергичните и еуфорични настапи и е веќе докажана група која гарантира секојпат ново концертно лудило. Покрај нив, ќе настапи хрватската група „Прљаво казалиште“.

На 13 јануари, музичката програма на Вевчански карневал ќе ја предводи музичкото име кое на најдобар начин го негува традиционалниот македонски звук, групата „Љубојна брас фантази“. Во овој состав групата е актуелна со концертите насловени „Музика на дланка“, со кои на секое свое гостување и настап ја восхитуваат публиката. На нив Вера Милошевска-Јосифовска и Оливер Јосифовски, со тајфата бројни соработници, правејќи пресек на досегашното музичко творештво, на извонреден начин успеваат да ја одведат публиката до срцевината и до сончевината на македонскиот музички јазик. Покрај „Љубојна брас фантази“ оваа вечер гостите на Вевчанскиот карневал ќе ги забавува и Елена Велевска.

Предвидени се и трибини, како и настап на КУД „Дримкол“, во чии рамки постои и патувачки театар.
Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот иво светот, се негува повеќе од 1.400 години, заведена е под уставното име на Република Македонија, а се одржува под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, со генерално спонзорство на „Ти-мобајл“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...