fbpx

Вевчани прераснува во зимски туристички центар

-

Во Вевчани треба да никне зимско село, со дрвени куќарки за удобно сместување на туристите, кај месноста Јанков камен. Селото ќе биде во непосредна близина на скијачикот центар, што ќе се гради на планината Јабланица. Ќе се градат и луксузни хотели, но и сместувачки капацитети од пониска категорија, со три или четири ѕвезди. За овој проект странските инвеститори веќе пројавуваат интерес, а најсериозни се Словаците.

Студијата за оправданост на проектот покажа дека поволната клима, езерото и многуте извори на надморска висина од 2.100 метри, на само 3,5 километри од Вевчани, дозволува да се градат преку 30 километри ски-патеки за 4.500 луѓе .
– Поволно е што ние таму имаме езеро, имаме многу извори, така што и кога нема снег, во октомври може лесно да се направи вештачки снег. На многу места немаат вода, па прават вештачки езера. Ние тие езера ги имаме – вели Цветомир Угриноски, градоначалник на Општина Вевчани.

Заинтересирани инвеститори имало од Словачка, Русија и од Бугарија. Словаците тука биле веќе третпат. Ги посетил и словачкиот амбасадор, заедно со сопственикот на „Татра лир“.

Следниот месец во употреба ќе биде пуштена најсовремена спортска сала, во која ќе може да тренираат екипи од земјава и од странство. Располага со 500 седишта, а нејзината вредност е околу 800.000 евра, финансирана од Влада на Република Македонија, преку Министерство за образование и наука.

Вевчани годинава треба да добие и нов Генерален урбанистички план. Претходниот план беше донесен во 1999 година, за плански период од 10 години. Одржливиот развој ќе е принципот на кој ќе се поставува планскиот концепт. Целта на планскиот концепт е да изврши хармонизација на просторните чинители во единствен препознатлив амбиент со дефинирани функции, односно наменски употреби на земјиштето.

За шест месеци, Општината ќе изработи и план за управување со споменикот на природата, Вевчански извори. Во првата половина од годинава се очекува да почне инвестицијата за изградба на бензиска пумпа на „Макпетрол“.

Годинава ќе биде реализиран проектот за доградба на канализациската мрежа, со кој одделни делови ќе се опфатат со сепарациска канализациска мрежа, по што таа ќе се поврзе со постојниот канализациски систем. За овој проект се одобрени средства во висина од 100.000 евра од Европската инвестициска банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...