Последните настани со судството во Северна Македонија, при што беа помилувани и ослободени од гонење функционери обвинети за тешки кривични дела, меѓународниот притисок за реформа на судството, и како резултат на тоа што не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни, влијаеше граѓаните да го вперат прстот кон Владата дека не ги исполнила ветувањата – дека правда ќе има за сите, дека сите ќе бидат еднаква пред законот, а судиите кои носеа скандалозни одлуки ќе бидат казнети, пишува „Порталб.мк“.

Скандалозните одлуки на судиите и понатаму се црна точка во судската власт. Иако оваа власт е поделена и независна на хартија, во пракса, кога станува збор за да се казни некој висок функционер, одеднаш се појавуваат „законски пречки“ или „постапки“, кои го попречуваат спроведувањето на правдата.

Поради овие причини, на почетокот на 2017 година, СДСМ која тогаш беше во опозиција вети дека штом дојде на власт, по препорака на Европската комисија и Прибе, ќе спроведе коренити реформи во судскиот сектор.

СДСМ излезе со проект дека, како идна влада, планира да организира независен реизбор на судиите, кои ги обвинуваше дека работат под директива на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски.

„Во Македонија ќе бидат спроведени сеопфатни реформи, според извештаите на Рајхард Прибе и Европската комисија, кои ќе обезбедат независни институции. Ќе има комплетен реизбор на судиите. Судиите ќе работат за заштита на граѓаните, а не според партиски директиви како досега. Затоа сите напори и надежи на криминалците дека ќе ја избегнат правдата се залудни. Ги повикуваме институциите да не се стават во одбрана на криминалната власт која е во заминување, и која не бира кого ќе повлече со себе, во паника од претстојните промени. Така одлучија над 612.000 граѓани на Македонија и тој процес е незапирлив”, истакнаа од СДСМ на 21 февруари 2017 година.

Само шест месеци подоцна СДСМ дојде на власт, и сега веќе повеќе од две години ја водат Владата, проектот за реизбор на судиите, препорачан од ЕК и Прибе, сега не е под нивна надлежност за да почнат со спроведување на ветеното. Вицепремиерот Бујар Османи во 2017 година изјави дека оваа власт ќе му биде предадена на Судскиот совет.

„Владата нема да се меша и нема врши реизбор на судии, туку оваа надлежност силно ќе му се врати на Судскиот совет. Тие ќе вршат проценка за тоа кои судии треба или не треба да бидат дел од судскиот систем”, изјави Бујар Османи на 23 јули 2017 година.

Реизборот на судии не е вклучен ниту во стратегијата за реформи во судството, бидејќи според министерката за правда, Рената Дескоска меѓународната заедница не побарала такво нешто.

„Има судии, кои се разрешени и против кои се поведени кривични постапки, но мора да бидеме свесни дека во судските реформи не сме независни во одлучувањето за одредување на правниците. Не постои полесен начин отколку да почнеме од почеток и да извршиме реизбор на судии, односно процес на ветинг, таму каде има сомневања, и на транспарентен начин може да се докаже нереално збогатување, ако има било кривични обвиненија, итн. Во Албанија видовме дека и самите судии се откажале, и не се пријавиле за продолжување на мандатот. Кога се подготвувавме за реформскиот процес, ни беше порачано дека не треба да спроведеме ветинг, за разлика од Албанија. Било оценето дека судството не е како во Албанија за да го спроведеме истиот процес, и тоа е рамката што ни ја дадоа. Во моментот кога беше изготвена стратегијата за реформа на правосудството, ова прашање беше отворено и беше кажано дека таквиот процес не се препорачува за нас”, рече Дескоска.

Граѓаните се револтирани поради не казнувањето или амнестијата на функционерите осомничени за тешки кривични дела. Груевски побегна од правдата, беа амнестирани обвинетите за крвавите настани од 27 април, двајцата главни агенти за прислушувањата побегнаа во Грција, Врховниот суд собори многу предмети на СЈО во кои беа обвинети поранешни високи државни функционери од поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Од обвиненијата беше ослободен контроверзниот новинар, Драган Павловиќ – Латас заедно со браќата, условно беше казнета новинарката Ивона Талевска, постојано се одложува затворската казна на Гордана Јанкулоска,  од обвиненијата беше ослободена поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, судот во Куманово два пати по ред носи скандалозна одлука во случајот Алмир, продолжува судењето во случајот Монструм, за кој за сега нема најави дека ќе се обелодени, врховните судии кои го овозможија бегството на бизнисменот Сеад Кочан се очекува да не бидат разрешени.

Инаку, ветингот е процес кој служи за разрешување на јавни службеници кои немаат интегритет во исполнувањето на нивните должности и со тоа да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Како по правило, процесот на верификација се врши со контрола на некој пред да му биде понудена работа. Во зависност од работното место или проектот, процесот на верификација може да се базира на контрола на вештини, личност, имот или било кој друг фактор поврзан со целта на ветингот.

Таков процес се одвива во Албанија. Зависно од модалитетот, ветингот може да ги вклучи сите судии и обвинители на кои им се проверува имотот или професионална способност. Проверката ја спроведува независната комисија, под меѓународно набљудување.