Ако Северна Македонија го спроведе процесот на генерална проверка или ветингот на судиите и обвинителите, според форматот на Албанија, ќе мора да обезбеди финансиски средства за да им овозможи на органите кои ќе го спроведат ветингот да функционираат, пишува „Порталб.мк“.

Ветингот на судиите и обвинителите во 2018 година ја чинел Албанија 7,9 милиони евра, додека во 2019 година трошоците изнесуваат 6,3 милиони евра. Албанија ја спроведува оваа операција уште од 2015 година, и истата ќе мора да заврши во 2024 година.

Досега, Македонија нема спроведено слична операција во судскиот сектор, во врска со контролата на судиите и обвинителите. Владите на земјата постојано се изјаснуваат „за“ деполитизирање на судството, но судството продолжува да се политизира.

Единствената најсериозна институција, поддржана од меѓународната заедница, Специјалното јавно обвинителство, во моментов е со врзани раце. За СЈО во 2018 година, се издвои буџет од 3,7 милиони евра, половина од сумата за ветингот на Албанија.

За разлика од Албанија, каде ветингот треба да се спроведува девет години, Специјалното обвинителство има петгодишен мандат.

Универзитетската професорка Беса Арифи за ветингот на судиите и обвинителите вели дека не е неопходно да биде во стилот на Албанија, бидејќи такво нешто не е побарано од Македонија.

„Процесот на ветинг генерално е широк, и кај нас никогаш не е побарано да се реализира во обем како во Албанија, ниту во извештајот на Прибе ниту во извештајот на Европската комисија, па затоа и не отидено дотаму, бидејќи се сметало дека ограничени акции можат да се променат неколку работи, со тоа што доколку се пренесе одговорноста на судиите кои направиле отстапки во минатото или евентуално ќе ги направат сега, ќе можат да се стави ред во целата постапка. Таквиот ограничен процес не би чинел многу, само што треба да се направи така што правдата навистина ќе се примени онаму каде што е потребно и прашање е каков е капацитетот на институциите, дали има доволно политичка волја за воспоставување на ваков ред и да се утврди одговорност за судиите кои не го применувале законот”, вели Арифи.

Според неа, кај нас не е потребен стилот на Албанија, бидејќи судиите и обвинителите во Македонија немаат проблеми со имотот, туку со работата што ја извршиле.

„Кај нас сите судии ја имаат пријавено имотната состојба, и тука не постои тој проблем, колку што е во другите коруптивни начини, на луѓето кои ги познаваат и врските што ги имаат. Расчистувањето на судството од корумпираните судии и обвинители и оние што ја делат правдата подредени и пристрасни ќе има финансиските импликации”, вели Арифи.

ДУИ со предлог-законот бара од коалициониот партнер и останатите пратеници да го поддржат ветингот за сегашните и идните функционери, вклучувајќи ги тие од секторот судство, судиите и обвинителите, додека од СДСМ сé уште чекаат да видат што ќе се случи со реформите што се спроведуваат во судскиот сектор.Неофицијално, СДСМ исто така работи на изнаоѓање соодветни модалитети за таков процес.

Албанската и македонската опозиција се скептични дека со сегашната влада може да се спроведе ветингот или да се провери работата на судиите и обвинителите

Ветингот е процес кој служи за разрешување на јавните службеници кои немаат интегритет во исполнувањето на нивните должности и со тоа се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Како по правило, процесот на ветинг се врши со проверка на интегритетот на некое лице пред да му биде понудена работа. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се базира на проверка на вештини, личност, имот или било кој друг фактор поврзан со целта на ветингот.