Ветерниот парк во Богданци произведува природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на 60.000 граѓани

Во Богданци се поставуваат нови 4 ветерни турбини, што ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 MW капацитет

-

Турбините на ветерниците во ветерниот парк во Богданци се производство на „Сименс“ Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 MW и годишно произведува околу 100 GWh природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива и придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2. Ова било истакнато денеска при посетата на надлежните од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на ветерниот парк во Богданци, соопштија оттаму.

Ветерниците го користат ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Втората фаза од овој проект вклучува поставување на нови 4 ветерни турбини и таа ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 MW капацитет. Оваа фаза е дел од пошироката стратегија на владата да го зголеми учеството на обновливите извори на енергија до 45% од вкупното производство до 2030 година.

На денешната обиколка во Богданци присуствуваа министерката Сања Божиновска и претставници од АД ЕСМ.

„Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст кој не ги загрозува ресурсите на идните генерации“, истакна министерката Божиновска.

 

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна апликација за...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците се две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна...