fbpx

Весна Дамева е новата претседателка на Судскиот совет

-

За нова претседателка на Судскиот совет е избрана Весна Дамева со 10 гласа „за“ и еден „против“. На денешното гласање не присуствуваше Павлина Црвенковска, додека од гласањето се иззеде Зоран Герасимовски кој пред две недели беше избран за член на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Денешниот избор на Дамева следи откако Црвенковска минатата недела поднесе неотпловиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет. Во соопштението што го испрати таа до медиумите за нејзината оставка се пожали оти веднаш по нејзиниот избор на функцијата започнала медиумска хајка за да даде оставка, бидејќи не одговарала на група од „судската бизнис-елита“.

Порталот СДК.мк пак претходно објави дека на седницата на Судскиот совет пред две недели се случил бунт од седум члена избрани од редовите на судиите кои спречиле да помине готов список за гласање за клучни места во Академијата за судии и обвинители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.