Верушевски ќе добие 42.000 евра од државата за деновите минати во притвор

-

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски ќе добие отштета во висина од 42.000 евра од државата поради неосновано апсење и држење во притвор 344 дена во рамките на случајот „Пуч“ и за неовластено поседување оружје. Во донесената пресуда од Основниот суд Скопје 2 се нагласува дека Верушевски претрпел душевна болка поради апсењето во 2015 година, кога помина 11 месеци во притвор.

Зоран Верушевски ја тужеше државата поради неоснованото апсење, барајќи 71.000 евра отштета во поднесената тужба. Судијката во пресудата посочува дека Верушевски има право на жалба, бидејќи доби помалку средства од оние што ги бараше. И државата преку правобранителството има право да поднесе жалба на донесената пресуда.

Верушевски беше притворен од поранешната власт веднаш по почетокот на објавувањето на прислушкуваните разговори во „бомбите“ од страна на СДСМ. Во случајот „Пуч“ Верушевски беше обвинет за велепредавство и шпионажа.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...