fbpx

Венизелос одби да учествува на НАТО-самитот поради Македонија

-

Шефот на грчката дипломатија одби да присуствува на министерскиот состанок на НАТО поради Македонија. Евангелос Венизелос се повлече од состанокот на кој се дискутираше за мерките против ИСИС бидејќи во Заедничката декларација од состанокот, Македонија била заведена и потпишана под уставното име.
Грчкиот министер за ситуацијата го информирал и американскиот државен секретар, Џон Кери.
Од грчкото Министерство за надворешни работи информираат дека Венизелос го откажал присуството на состанокот бидејќи „САД не ги почитувале правилата и одлуките на Обединетите нации“.
„Причина за неприсуството на Венизелос е тоа што и покрај честите контакти и протестни ноти испратени до Соединетите Американски Држави, кои го свикаа Самитот, не се испочитуваа правилата и практиката на ОН, во врска со начинот на кој беа именувани земјите-учеснички. Поконкретно, иако на Самитот БЈРМ учествуваше со нејзиното привремено име, во Заедничката декларација на државите кои се дел од Алијансата се потпиша со нејзиното уставно име“, пишува во соопштението од грчкото министерство.
Поради потписот, Грција поднела изјава со која потсетува на одлуките на Советот за безбедност на ОН, истакнувајќи дека грчката држава не нѐ признава под нашето уставно име.
„Вицепремиерот и министерот за надворешни работи Венизелос испрати и соодветно писмо до министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери“, се додава во соопштението од министерството.
На местото на Венизелос на Самитот присуствувал грчкиот амбасадор и постојан претставник на Грција во НАТО, Михалис Дамесис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...