fbpx

Велосипедска тура низ Македонија и Бугарија за Денот на зелениот појас

-

Денот на зелениот појас, 24 септември, ќе се одбележи со велосипедска тура која ќе се вози од планината Осогово до планината Беласица.

Бугарската фондација „Биодиверзитет“ информираше дека овој ден ќе биде одбележан со настан и во Струмица.

Оваа година првпат се одбележува Денот на зелениот појас – 24 септември, со повеќе иницијативи низ Европа. Трасата на балканската велосипедската тура има вкупна должина од околу 220 километри, а се вози и по асфалт и по нерамен терен. Велосипедистите ќе ноќеваат во мали хотели во пограничните предели на Бугарија, Македонија и на Грција.

Во авантурата се вклучени околу 30 велосипедисти, а се вози низ неколку етапи помеѓу 21 и 25 септември. Почетокот е во бугарскиот дел од Осогово, поминува преку македонскиот дел од Власина, ќе продолжи низ Малешевски Планини и завршува во бугарскиот дел од Беласица.

Европскиот зелен појас опфаќа предели во Европа кои со децении биле забранети, односно тоа се погранични области поделени вештачки во минатото поради железната завеса. Изолирани и недостапни, тие станаа прифатилиште за многу загрозени животински видови.

Зелен појас е симбол за прекугранична соработка за заедничкото европско културно и природно наследство, кој вклучува 24 земји и е долг повеќе од 12.500 километри – од Баренцовото Море и руско-норвешката граница по должината на брегот на Балтичкото Море, Централна Европа и Балканот до Црното Море.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...