fbpx

Величковски: Се надевам дека и СДСМ ќе прифати договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

-

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, го поздравува ставот на Левица, сите опозициски партии да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ во владата по изборите на 11 декември.

Величковски вели оти се надева дека идејата ќе биде прифатена и од СДСМ.

„Денеска од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, услов за соработка со други опозициски партии да биде јавен договор дека по изборите нема коалиција со Груевски, е поддржан од партијата Левица. Го поздравувам ваквиот став. На Левица ова ѝ го предложивме одговарајќи им за нивната иницијатива за граѓански листи на 6 октомври. Добро е што барем дел од опозициските партии сфатија какво е значењето на оваа јавна декларација, а се надевам дека предлогот ќе го прифатат и социјалдемократите. Уште побитно е што со ваква јавна декларација ќе ги пресретнеме сите обиди за изборен инженеринг во десницата. На овие избори ни треба јасен изборен резултат и пораз на власта, а не избори како повод за широки коалиции и за продолжување на кризата – вели претседателот на Либералната партија.

Членот на презедуиумот на Левица, Здравко Савески, потврди дека Левица нема да поддржи и да учествува во влада со ВМРО-ДПМНЕ и дека самостојно ќе настапи на изборите.

Минатата недела тој изјави дека Левица ќе оди самостојно на изборите затоа што политичките партии од опозицијата ја игнорирале нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...