Величковски од Народна банка: Со влезот во СЕПА, приливите од странство ќе им бидат на располагање на граѓаните и компаниите веднаш

„Се предвидува приливите од странство да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден, без приложување документи за причината на приливот кај најголемиот дел од приливите од странство“, кажа Величковски

-

Влезот во СЕПА, Единствената област за плаќања во евра, ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки – како за одливи, така и за приливи. Ова го истакна Игор Величковски, директорот на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи во Народната банка, во интервју за Македонското радио, како одговор на многуте прашања коишто ги поставуваат младите кои работат за фирми во странство, а платата ја примаат на својата девизна сметка во земјава.

Тој кажа оти Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз основа на доход којшто се остварува во странство.

„Во таа смисла, се предвидува приливите од странство да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден, без приложување документи за причината на приливот кај најголемиот дел од приливите од странство, со исклучок на одредени приливи поврзани со капиталните трансакции за коишто се предвидени законски ограничувања до влезот на земјата во Европската Унија“, рече Величковски во интервјуто.

Тој нагласи оти со влезот во СЕПА, преносот на парични средства во евра ќе стане уште поедноставен и побрз, овозможувајќи им на граѓаните и компаниите преку користење на своите мобилни апликации или електронското банкарство да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог.

„За пренос на средствата ќе бидат потребни само неопходните податоци за извршување на плаќањето, како што се називот и бројот на сметката на плаќачот и примачот, износот и основата за плаќањето, со што значително ќе се олесни иницирањето на плаќањата од граѓаните и компаниите во кое било време и место. Плаќањата со кредитни трансфери во евра од која било земја членка ќе се извршуваат за неколку часа во текот на денот, додека инстант плаќањата во евра за помалку од 10 секунди“, истакна Величковски, осврнувајќи се на последните податоци од платежната статистика на Народната банка за 2024 година од кои се согледува дека 2 од 3 електронски платни налози во денари во земјава се извршени од граѓаните со користење мобилни апликации.

Според податоците, на граѓаните им е сѐ поважна едноставноста и брзината на плаќањата, поради што користењето на мобилните апликации бележи годишен раст од 47% кај бројот, односно 72% кај вредноста на остварените трансакции.

 

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...