fbpx

Велешкото обвинителство отвори предмет по повикот за масовно одење во верските храмови

-

Откако во медиумите се сподели јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница додека на сила е забрана за групирање, движење и посета на гробишта, реагираше Основното јавно обвинителство Велес.

Оттаму отворија е предмет по допрен глас, со цел да се утврди дали во предметот има кривична одговорност, како и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на РСМ.

Имено, од синоќа започна полицискиот час од 21 часот до понеделник до 05 часот, кој се однесува на сите скопски општини, како и за Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. За останатите градови важи забраната за движење од четврток од 21 до 05 часот, а петок и за викендот од 16 до 5 часот, следниот ден.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...