fbpx

Вељаноски упати покана за набљудување на изборите

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, упати покана до претседателот на Европскиот парламент и до претседателите на парламентарните собранија на ОБСЕ, на Советот на Европа и на НАТО за набљудувањето на изборите да ја известат Државната изборна комисија.

„Претседателот Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристине Мутонен, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт, и до претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите“, соопштуваат од кабинетот на Вељаноски.

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани, во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...