fbpx

Вељаноски: Собранието ќе се распушти в понеделник

-

Точката за распуштање на Собранието ќе биде ставена на дневен ред на 17 октомври, веднаш по точката за усвојување на буџетот за 2017 година, информираа од кабинетот нa претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Претседателот на Собранието го поздравува ставот на пратеничката група на СДСМ за распуштање на Собранието, за разлика од минатите двапати кога оваа партија бараше одложувања на веќе закажаните парламентарни избори. Истовремено, Вељаноски го поздравува и ставот на партиите од владејачкото мнозинство, кои, исто така, во континуитет стојат на позициите за распуштање на овој парламентарен состав согласно постигнатите договори. Овој факт е од исклучително значење бидејќи единствено на тој начин, консензуално, преку избори, мандатот повторно ќе го добие народот и тој, како најмеродавен судија, ќе ја даде најточната оценка. Законските рокови во целост и без исклучок дозволуваат тој чин да се направи на 17 октомври за да може да се одржат изборите на договорениот датум на 11 декември“, пишува во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Оттаму информираат дека Вељаноски е уверен дека на овој начин, македонските пратеници ќе успеат истовремено да остварат две суштински цели: прво, да ја исполнат докрај својата обврска да работат до последниот ден во интересот на државата и втората, да го испочитуваат договорениот рок за избори.

Тој очекува од пратениците на опозицијата да застанат зад споменатиот план бидејќи така на најдобар начин ќе ја покажат својата посветеност кон преземените обврски од договорите, како и одговорноста кон Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...