fbpx

Вељаноски: Да го унапредиме единството и да ги надминеме разликите

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на свечената академија по повод 75-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври, повика на унапредување на единството помеѓу политичките партии, надминување на разликите и на унапредување на развојот на државата.

Вељаноски рече дека 11 Октомври е денот кога е извојувана една од последните големи историски битки на народот на Македонија на патот кон слободата и дека е потребно единство за да се сочува извојуваната државност.

– Таквото единство како да изгледа дека е најтешко остварливо. Длабоко вгнездени во сопствените табори, како да се заборава дека сите политички партии, во основа, имаат иста, благородна цел. Сепак, независно од ваквата, тажна состојба која трае, оптимист сум дека на крајот целата држава ќе излезе побогата за едно искуство, но и поединствена и посложна. Не смееме да дозволиме во жарот на политичката битка, повредена да излезе Македонија – вели Вељаноски.

Вељаноски рече дека политичките разлики не смеат да ја загрозуваат Македонија и дека не смееме да говориме за „наши“ и за „ваши“ кога станува збор за Македонија.

– Големата цел на партизаните била независна Македонија, додека големата цел на оваа генерација политичари е економски развиена Македонија. Македонија е силна колку што се силни нашите вредности, колку што е исправна нашата колективна морална вертикала – додаде Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...