Вечерва во МКЦ прв феминистички стенд-ап на Прво па женско 10

Вечерва во МКЦ Клуб Ресторан, како дел од програмата на фестивалот Прво па женско во организација на Tiiiit! Inc. ќе се одржи првиот феминистички стенд-ап. Со свој комичен материјал ќе настапат Софија Ристевска, Ангела Стојановска и „дрег-кралот“ Борис Геј.

Ангела е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Голем дел од времето го посветува на независната театарска сцена. Софија Ристевска е театaрска режисeрка од Битола, основачка на независниот театар „Интимен театар“. Софи Сексон е уметник и академик од Глазгов, а настапува под псевдонимот Борис Геј. Борис Геј е дрег крал кој се шета низ светот и успева во својата мисија да ја насмее публиката.

„Заземањето на овој (неретко) ексклузивно хетеронормативен простор е всушност од суштинско значење за да се наметне гледиштето на оние кои се најчесто мета на подбив. Затоа решивме да овозможиме простор за наративите коишто им се смеат на исмејувачите и отскокнуваат од рамките на „хехе“ хуморот. Ако сакате стендап и сметате дека на стендап сцената кај нас ѝ фали феминистичка енергија, тогаш се гледаме на 26.05 во МКЦ клуб“, велат од Tiiiit! Inc.