Вечерва во „Мала Станица“ се отвора изложбата Evolution: Torres Strait Masks

Вечерва со почеток од 18 часот, во објектот „Мала Станица“ на Националната галерија, ќе се отвори изложбата на фотографии Evolution: Torres Strait Masks, која е во организација на Австралиската амбасада во земјава.

„Изложбата ќе ја прикаже богатата историја на изработка на маски на Torres Strait Islands, претставувајќи еден аспект од австралиската култура што македонската публика досега не ја видела“, се наведува во соопштението на Австралиската амбасада.

Изложбата е направена во соработка со Националниот Музеј на Австралија и ќе им даде единствена можност на посетителите на Националната галерија на Република Северна Македонија да се запознаат со културната традиција и наследството на домородните народи од регионот Torres Strait, лоциран на далечниот север на Австралија.