Вечерва во Филхармонија хуманитарен концерт – „Омаж на маестро Александар Џамбазов“

Фото. Филхармонија

Оркестарот на Филхармонија, вечерва во 20 часот ќе го одржи хуманитарниот концерт „Омаж на маестро Александар Џамбазов“.

Концертот посветен на големиот македонски композитор ќе е одржи во рамки на 45-то издание на „Денови на македонска музика“, а средствата од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.