Здружението Андерфест годинава го организира второто издание на Дојран Рок Фест, коешто започнува вечерва. Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот Хотел Романтик во Стар Дојран.
„Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на Дојран Рок Фест. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти. На нова локација на 6 Август 2022 на сцената на Базен Хотел Роматик во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди АРЕА кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј“, информираат организаторите на фестивалот.
Како загревање и предгрупи, вечерва ќе настапи Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse.