Вечерва се отвора Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

Вечерва официјално ќе биде отворен Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ со концерт на Хана Корнети и претставување на муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч.

„КСП „Центар-Јадро“ е резултат на заложбите на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, која од своето основање во 2012 година како непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа, се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.Оттаму, идејата за КСП „Центар-Јадро“ настана од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини, содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал,“ се вели на настанот креиран на Фејсбук.

Отворањето на „Центар-Јадро“ ќе се одбележи пред објектот, на отворено, согласно со протоколите за одржување јавни настани.