Вечерва премиера на театарската претстава „Слуга на двајца господари“

-

Вечерва, на „Охридско лето“, на сцената од предворјето во „Св.Софија“, ќе се игра копродукцискиот проект на Турскиот и на Албанскиот театар – „Слуга на двајца господари“, како дел од одбележувањето на 65-годишнината од нивното постоење.

„Слуга на двајца господари“ од Голдони е напишана во 1753 година. Претставата е комедија за напорот на истрајните вљубени, невини, млади карактери, во која најприродно е концепцијата да се движи во рамките на трите јазика и на фантастичната лингвистичка мешавина што опстојува во Македонија.

– Голдони ја реформираше италијанската комедија дел арте во пишана книжевна форма. Секако, беше мошне важно во претставата да се задржи оваа историска традиционална форма. Од друга страна, турскиот традиционален театар во многу аспекти е близок на комедијата дел арте – вели режисерот на претставата, Јуџел Ертен.

Јуџел Ертен судирал глума во Турција, а режија во Германија. Добитник е на наградата „Волфганг“ за својата дипломска претстава на отсекот за режија.

Во различни периоди работел како професор, како главен режисер и како генерален директор на државните театри во Турција. Има поставено 75 претстави од кои повеќе од 40 проекти се наградувани. Покрај многубројните одиграни улоги на филм и во телевизиски серии, работи на сценски адаптации на драмски текстови и преведува драмски текстови.

За претпладнево, во Дирекцијката на „Охридско лето“, закажани се две прес-конференции. Првата за театарската претстава „Слуга на двајца господари“, а втората за утрешниот спектакл на Антички театар, со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и со хармоникашот Марко Хатлак ( Дуо „Танго компас“). Во пресрет на концертот, вчера Миленковиќ беше примен од министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...