Во Вевчани вечерва почнува главната музичка програма. Утревечер, пак, е главната манифестација – карневалот со најоригиналните маски. Присутните ќе се забавуваат со „Суперхикс“ и со „Прљаво казалиште“.

Телевизиската куќа „Би-Би-Си“ ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација која ги отсликува старите традиции на вевчанци.

Главното дефиле на маските на карневалот ќе почне утре напладне.