fbpx

Вечерва на „Скопски фестивал 2014“ се избира претставник за „Евровизија“

-

„Скопски фестивал 2014“ ќе се одржи вечерва, во 20.30 часот, во „Метрополис арена“ во Скопје. На фестивалот во живо ќе бидат изведени 20 композиции, придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ. Водител ќе биде познатиот македонски актер Васил Зафирчев.

На фестивалот годинава за награда од 20.000 евра ќе се борат Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Лена Заткоска, Александра Јанева, Наде Талевска, Сања Ѓошевска, Викторија Лоба, Горан Наумовски, Сања Керкез, Лидија Кочовска, Марјан Стојановски, Вера Јанковиќ, Евгенија Чанчалова, Даниел Кајмакоски, Тамара Тодевска, Александар Тарабунов, Тони Михајловски, Димитар Андоновски, Верица Пандиловска, Тања Царовска, Мијата, Јоце Панов, Александра Михова и Сашо Гигов-Гиш.

Вечерва ќе се знае кој пејач и која песна ќе ја претставуваат Македонија следната година на јубилејната 60. „Евровизија“ во Виена.

Минатата година на фестивалот победи Ламбе Алабаковски. Тој доби 124 гласа од СМС-пораки од гласањето на публиката и на гледачите и ја освои првата награда од 20.000 евра. Второто место со освоени 89 гласа ѝ припадна на Тамара Тодевска со песната „Тешко без тебе“.

Билетите се по цена од 200 денари, а сите присутни на настанот ќе добијат и цеде со фестивалските песни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...