Вечерва на небото ќе биде видлив метеорски дожд

Метероски дожд од 2015 година / Фото: Hikssur, Wikimedia Commons

Еден од најпопуларните метеорски дождови, Персеиди, вечерва ќе биде видлив на небото и од нашите простори. Персеидите започнаа на 17 јули, а ќе траат до 26 август и се случуваат секоја година во овој период.

Причината поради која што токму овој метеорски дожд е популарен е бидејќи е еден од поинтензивните со 50 до 75 метеори на час, кога и всушност е најсилен. Овој метеорски дожд својот пик ќе го достигне ноќта меѓу 11 и 12 август.

Повеќе информации за овој метеорски дожд можете да прочитате овде.