
Вечерва во 20:00 часот (според локално време во Лос Анџелес) Градското Собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме. Ќе биде осветлено од вечерва 20:00 часот по локално време, па се до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани. Информацијата беше споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес.
Градскиот советник Хуго Сото – Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изразува зжалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина.
На 16 јуни се навршуваат три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. По завршување на истрагата 34 физички и три правни лица се обвинениети за тешки дела против општата сигурност.