Вечерва „Цепки“ во Филхармонија по повод 10-годишниот јубилеј на „Прво, па женско“

Извор: Тиииит! Инк

„Цепки“, специјално гала издание на иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“, ќе се одржи вечерва во 20 часот во Филхармонијата. Гала настанот е по повод десетгодишниот јубилеј на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“.

Вечерва ќе раскажуваат уметниците Јана Јакимовска и Илина Арсова, хрватската писателка Мима Симиќ, радиоводителката Маја Казакова, режисерката Софија Ристевска и писателот Петар Андоновски. Модератори на „Цепки“ се Румена Бужаровска и Катерина Попова.

По раскажувачкиот дел, Илина Ангеловска ќе има свој диџеј сет во Филхармонија кафе-бар.

Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата „Kvinna till Kvinna“.