fbpx

Вдомен штипјанец кој десет години живеел в шума

-

Во науштена куќа во шумата, без струја и без вода, речиси десет години живеел 60-годишниот Тоше Лазаров од Штип. Денеска беше згрижен во манастирот „Света Недела“, каде веќе се наоѓаат 15 бездомници.

Лазаров станал бездомник откако починала неговата сопруга, а тој останал без работа од една од пропаднатите државни фирми. За несреќата да биде поголема, доживеал и мозочен удар. По излегувањето од болница, тој бил отфрлен од родените деца. Почнал да талка по храна и за покрив, по што наишол на напуштена викендичка во близина на Штип. Лазаров раскажува дека при тоа, често бил напаѓан од диви животни, за што сведочат белези од каснувања на диви свињи и на чакали.

– Некогаш не јадев по една недела. По вода одев и повеќе од еден километар – раскажува Лазаров.

Со интервенција на Центарот за социјални работи, Црвениот крст и на Општина Штип, Лазаров од денеска е во неформалниот прифатен центар за бездомници во „Света Недела“. Тој нема лична карта, воопшто не бил евидентиран во системот на државните институции. Директорката на центарот, Наталија Панова, најави дека внесувањето во системот ќе биде првото што ќе го направат, по што ќе почне да добива и социјална помош.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...