Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, информираат од МВР.

Полициските службеници вчера казниле 17 лица кои возеле без возачка дозвола, напишале 140 казни за пречекорување на дозволената брзина на движење и 14 прекршоци за нерегистрирани и технички неисправни возила. Воедно санкционирани се 33 мотоциклисти и одземено е едно патничко возило.

Полицијата вчера изрекла 63 мерки за непрописно паркирани возила, додека дополнителни 50 возила (вкупно 113) биле подигнати со пајак. Во текот на вчерашниот ден биле изречени и 47 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.