fbpx

Вчера починаа тројца пациенти на Инфективното одделение во штипската болница

-

Вчера попладне починаа тројца пациенти, хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип двајца на возраст од 60 и еден на 79 години. Меѓутоа, само еден од починатите е со потврден тест на ковид–19, додека останатите двајца имале негативен тест.

Засега нема објаснување од Клиничката болница, иако пациентите со негативни тестови биле донесени со симптоми на ковид.

Црниот биланс во еден ден се случува во време кога ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција вчера алармираше дека има недостаток со кислород во Клиничката болница, што веднаш беше негирано од раководството.

„Денес Штип останал без боци за кислород, кои дури и доколку ги има не се соодветно оперира со нив. Клиничката болница не располага со централен довод за кислород, кое ја прави зависна од овие боци, меѓутоа во случаите кога на пациентите им се дава неопходното количество, тоа се врши на опасен начин. Поради непостоењето на регулатор за кислород, кој чини само 50 евра, пациентите добиваат несоодветна количина од овој гас. Освен тоа, една маска се користи за сите пациенти болни од ковид-19, а не ретко и нема можност да се опслужат неколку пациенти оддеднаш“, алармираше Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на сведоштва на пациенти и нивни роднини.

Директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев ова го оцени како шпекулација и како што рече „во стил на ВМРО-ДПМНЕ“ да се пласираат полувистини.

„Буквално секој ден расте бројот на потребите за боци, но не само во нашата болница, па некогаш дистрибуитерот доставува и по двапати во денот, како што е денеска. Меѓутоа апсолутно не точно е дека некој е оставен без кислород, а персоналот требало да одлучува кому да даде, а кому не. Не сакам да верувам дека се потпирате на полувистини од некои вработени во Клиничка болница-Штип, чие медицинско знаење е дискутабилно, а имате доктори кои знаат како е, но се срамат од ова што го кажувате. Да беше поинаку ќе знаевте дека не може да се прими кислород без регулатор, па некој да прима несоодветна доза“, појасни Ѓеорѓијев.

Голем е напливот за болничка помош на пациенти со симптоми и болни од ковид-19. На Инфективното одделение се лекуваат 51 пациент, а од понеделник ќе се згрижуваат и на Кожното одделение, каде ќе бидат ослободени 10 кревети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...