fbpx

Вчера МВР издало потврди на 2.338 мигранти

-

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.338 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Авганистан, вкупно 813 лица, од Сирија се 804, а од Ирак – 721 лице.

Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, според податоците на МВР, низ земјава поминале вкупно 356.221 мигрант, од кои најголемиот дел, вкупно 201.506 лица, се државјани на Сирија.

На 19 ноември, Македонија почна со филтрирање на мигрантите кои сакаат да транзитираат преку територијата на земјава и го стопираше протекот на т.н. економски мигранти, а влез и транзит им се дозволува само на лицата што доаѓаат од воените жаришта, односно од Сирија, Ирак и од Авганистан.

Вчера, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил, со што вкупниот број на мигранти кои од 19 јуни досега побарале да останат во земјава изнесува 83 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...