fbpx

Вчера издадени потврди на само 543 бегалци

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 543 мигранти. Според државјанството, 198 лица што добиле таква потврда се со потекло од Сирија, 137 се државјани на Авганистан, а 208 се од Ирак.

Според податоците на МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 221 биле мажи, 118 жени, 197 деца што го придружуваат носителот на потврдата и седум деца што патувале без родител.

Од 1 јануари, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава, според МВР, поминале вкупно 81.170 мигранти, на кои им бил издаден ваков документ.

До Секторот за азил, во последните 24 часа не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од почетокот на годината досега, да останат во земјава побарале 10 странски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...