Вчера дадени 4.961 дози ковид вакцини, досега имунизирани 47 отсто од полнолетните граѓани

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство соопшти дека вчера биле дадени вкупно 4.961 дози вакцини против ковид-19, од кои 1.721 биле прва доза, 1.030 граѓани биле ревакцинирани, а 2.210 примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 15 ноември, вкупно биле вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани.

Во проценти, 57 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години, односно тие се сметаат за имунизирани.

Во поглед на целокупното население, 38 отсто од граѓаните примиле две дози вакцина.