Вчера биле дадени 3.475 дози вакцини против ковид-19

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден биле дадени вкупно 3.475 дози вакцини против ковид-19, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври, во земјава вкупно биле вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.

„54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.