Вчера 10.984 граѓани примиле вакцина против ковид-19

Фото: МОН

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани, а сосе ревакцинирањето, вкупно вчера се вакцинирале 10.984 граѓани.

Во земјава досега се дадени 932.603 дози вакцини, а ревакцинирани се 409.186 граѓани.

Со последните бројки, 65 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови во целата земја, а теренската вакцинација се одвива со ротации на медицински екипи во секое село и населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата“, тврди МЗ.