Васко Ковачевски не е уапсен

-

Официјална потврда за наводното апсење на Ковачевски нема од ниту една институција. Очигледно е дека станува збор за лажна вест која ја пренесоа голем дел од медиумите, без притоа истата да ја проверат. Подоцна некои од нив ги сменија првичните верзии на вестите и објавија дека Ковачевски е во бегство. Дека Ковачевски е во бегство потврда засега има само од премиерот Христијан Мицкоски, пишува Вистиномер во текстот кој го пренесуваме во целост.

Анализирана е објава на Фејсбук која тврди дека во голема полициска акција бил уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски:

ЛИСИЦИ ЗА ВОСПЕВАЧОТ НА ЗАЕВ: Уапсен е поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во акција на МВР која е во тек?, стои во објавата.

Објавата споделува и напис во кој на самиот почеток се вели:

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е меѓу уапсените лица осомничени за криминал во работењето на РЕК Битола, според неофицијални информации. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Во написот никаде нема официјална потврда дека Ковачевски е уапсен.

Вчера голем дел од медиумите, повикувајќи се на првични и неофицијални информации, објавија дека во координирана акција на Обвинителството и полицијата бил уапсен поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски (тукатукатукатукатукатукатука, тукатука).

Подоцна се појави вест дека Ковачевски, сепак, не е уапсен и дека е во бегство надвор од државата (тукатукатукатука, тука).

Веста дека Ковачевски не ѝ е достапен на полицијата вчера ја потврди лично премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Овие дваесет и тројца што денеска се обезбедени, минус можеби еден, но очекувам брзо од денеска да биде обезбеден пред правдата и сите тие да дадат одговор за овие основани сомневања за кои се обвинуваат, иако можам да кажам дека голем дел од доказите за кои се сомневавме веќе се обезбедени, изјави Мицкоски. 

Прашан за кого точно имаат обезбедено докази и дали е тоа ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, Мицкоски одговори дека докази има за сите и потврди дека тој не е во државата подолго време, но очекува да биде обезбеден и вратен.

Во врска со акција вчера се огласија од Основното јавно обвинителство. Оттаму информираа дека во акцијата „Адитив“ 23 лица се под истрага.

Единиците на МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, врз основа на 77 барања за издавање наредби за претрес доставени до Основниот кривичен суд Скопје започнувајќи од 27.11. до 9.12.2024 година, извршуваат претреси на локации во Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје. Издадени се три наредби до Управата за финансиско разузнавање и низа наредби за обезбедување податоци до надлежни институции и МВР. Јавните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај, се наведува во вчерашното соопштение на ОЈО.

Во соопштението никаде не е наведено дали има приведени лица, а уште помалку има потврда дека е упасен Васко Ковачевски.

Акцијата е во тек, се обезбедуваат материјални докази врз основа на кои ќе се донесе одлука за примена на мерките на обезбедување на осомничените, за што јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден, соопштија од ОЈО.

Во врска со акцијата вчера се огласија и од Министерството за внатрешни работи. Како што информираа од МВР биле извршени претреси во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје, а кај три лица биле пронајдени 130.000 евра. Од полицијата посочуваат дека се поднесени кривични пријави против 23 физички лица и два правни субјекта. Притоа, 21 лице се лишени од слобода, а за две лица се преземаат мерки за пронаоѓање.

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-СКИ -Единица за корупција во соработка со Управата за финансиско разузнавање до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против 23 физички лица и два правни субјекти и тоа: В.К. (55), В.С. (57), А.М. (44), П.М. (46), Н.С. (48), М.С. (45), Д.С. (43), М.Ј. (35), П.Ч. (46), Д.С. (59), З.Н. (58), С.М. (63), М.В. (58), В.М. (61), З.А. (38), Д.Ч. (47), Д.С. (48), С.К. (53), С.М. (54), Н.Н. (35), П.С. (69), М.С. (54), Р.С. (42), потоа правно лице од Неготино, како и правно лице од Скопје. Од нив, 21 лица се лишени од слобода, а за две се преземаат мерки за пронаоѓање, информираа од полицијата.

Значи, од полицијата потврдија дека се трага по две лица без притоа да посочат за кои лица станува збор, односно ниту од полицијата нема потврда дека бил уапсен Васко Ковачевски.

Официјална потврда за наводното апсење на Ковачевски нема од ниту една институција. Очигледно е дека станува збор за лажна вест која ја пренесоа голем дел од медиумите, без притоа истата да ја проверат. Подоцна некои од нив ги сменија првичните верзии на вестите и објавија дека Ковачевски е во бегство. Дека Ковачевски е во бегство потврда засега има само од премиерот Мицкоски.

Имајќи го предвид сето ова, оценуваме дека објавата  што ја анализираме е неточна.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...