Во овој момент, за жал, не е возможно да продолжат средби за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, соопшти денеска белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.
„Земајќи го предвид интересот на јавноста за преговорите за медиумите во рамките на политичката работна група, сакаме да ве информираме дека засега не е возможно да продолжат средбите на работните групи. Во секој случај, сè уште разгледуваме различни алтернативни опции за да се дојде до согласност помеѓу релевантните страни“, пишува во соопштението на Ванхауте.
Олеснувачот вчера за „Алсат М“ изјави дека работните групи не се заинтересирани да продолжат со преговорите и дека преговори најверојатно нема да има пред избори.