Ванхауте одликуван за „Офицер во кралскиот ред“, вели дека за Македонија има иднина во ЕУ

-

Амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, вечерва на белгискиот експерт и олеснувач во работните групи, Питер Ванхауте, му го врачи одликувањето „Офицер во кралскиот ред“.

Како што рече амбасадорката, ова одликување го добиваат експерти и политичари што се заслужни за развој на демократијата и на човековите права.

Примајќи го одликувањето, Ванхауте рече дека му е драго што вечерва е меѓу пријатели што го делат истото мислење со него.

– Денеска во Белгија, за жал, видовме дека борбата за демократија никогаш не завршува. Драго ми е што денеска сум тука, на ова место, каде што почна мојата кариера на Балканот. Јас верувам дека има иднина за оваа земја, како во ЕУ, така и во НАТО. Но, сите заедно мора да се борите за тоа и да не заборавите дека Европа е тука да ве поддржи. Лично јас ќе се вратам по неколку месеци и ќе продолжам да ве поддржувам како и досега во борбата за демократија, за животна средина и за сè друго – рече Ванхауте.

Белгискиот олеснувач учествуваше во преговорите по црниот понеделник и по кризата по 24 декември 2012 година, а ги предводеше и работните групи за спроведување на Договорот од Пржино.

Сепак, во последно време предизвика контроверзни реакции со своите твитови со мачки, преку кои изнесуваше лични ставови актуелните состојби во земјава.

Од овие причини и поради неговите ставови, владејачката ВМРО-ДПМНЕ реши да не учествува на преговори на кој ќе присуствува и Ванхауте.

Пред почетокот на настанот, присутните со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите во денешните терористички напади во Брисел.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...