fbpx

Вандализирана планинарска патека на Водно, од Градот велат – ако го знаете виновникот, пријавете го

-

Уништени маркации за безбедно движење по планинарските патеки на Водно осамнаа пред неколку дена на најпосетеното рекреативно сврталиште на Скопјани. Според информациите кои „Мета.мк“ ги доби од планинари-посетители на Водно, а потоа и од увид на лице место, се работи за намерно уништување на обележјата, извршено од помала група маунтин-бајкери, кои сметаат дека имаат ексклузивно право да ги користат. Маркирањето на патеките, кое минатиот месец го реализираа екипи од Планинарскиот клуб „Макпетрол“ и беше во функција на зголемување на безбедноста на движењето по паатеките на Водно, го финансираше Градот Скопје.

Оттаму велат дека се информирани за вандализирањето на планинарските ознаки и дека ќе покренат пријава против непознат сторител.

„Кон крајот на минатата година изработивме Студија за туристичко рекреативен центар – Водно, во која се предвидува физичко разделување на патеките наменети за рекреативно планинарење и планински велосипедизам. Свесни сме за загрозената безбедност на нашите граѓани, ова го третираме како приоритетно прашање и веќе е започната постапката за јавна набавка за дизајн и изведба на првите наменски патеки за планински велосипедизам на Водно“, велат од градот и апелираат до граѓаните, доколку имаат информации или можни докази за сторителите, да ги достават до Секторот за локален економски развој, со цел побрзо расветлување на случајот.

Посебна цел на вандализмот е планинарската патека, позната и како „Патеката на костените“, десно од жичницата, на која веќе подолго време „оперира“ група која се занимава со акробатски велосипедизам. На патеката, наменета за движење на планинарите и рекреативците, многупати имало и инциденти, па и повреди, кога велосипедите без предупредување се втурнувале во оние кои се движеле кон врвот на Водно, но досега никој од надлежните не реагирал иако граѓаните ги пријавувале случаите на чуварската служба на пунктот на Паркови и зеленило.

Според надлежните од Град Скопје се работи за долгогодишен проблем, но уверуваат дека во најскор можен рок овој проблем ќе биде отстранет и во Парк шумата Водно ќе биде воведен ред за поголема безбедност на нашите граѓани.

Сепак, идејата за развивање на туристичко-рекреативни содржини на Водно, меѓу кои и уредување на нови патеки за велосипеди и други адреналински содржини не беа дочекани со одобрување од страна на екологистите и здруженијата за заштита на Водно.

„Градот упорно ја тера подготовката за реализација на својата визија за нови содржини на Водно преку проектот за развој на Водно како туристичко рекреативен центар, во момент кога ниту се знае неговиот статус, ниту се решени основните принципи на раководење и одржување на заштитеното подрачје. Екцесите се резултат на самоволие и на игнорантски однос на Градот и со продолжување на ваков начин на третирање на Водно штетата ќе биде се поголема и поголема“, вели Татјана Стојановска од „Го сакам Водно“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...