fbpx

Ван Гал не сака да го коментира доаѓањето на Бејл

-

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луј Ван Гал, не сакаше пред медиумите да говори за доаѓањето на Гарет Бејл на „Олд Трафорд“.

Бејл е голема желба на Јунајтед, па поради тоа постојат шпекулации дека во зимскиот преоден рок ќе прејде од Реал во поранешниот шампион на Англија. Велшанецот мината година за рекордни 100 милиони евра пристигна на „Сантијаго Бернабе“ од Тотенхем. Тој имаше феноменална сезона во кралскиот клуб, со кој ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство во Мароко пред неколку дена, на кое постигна гол во финалето.
Меѓутоа, и покрај малите шанси да ја смени средината, англиските медиуми наведуваат дека Јунајтед подготвил 90 милиони фунти за Бејл. Новинарите го прашаа Ван Гал за овој трансфер, но Холанѓанецот не сакаше да одговори.

– Не можам со вас да дискутирам за тоа. Разговаравме со извршниот директор (Ед Вудворд), а не со некои медиуми – рече Ван Гал.

Една од причините поради кои се споменува доаѓањето на велшкиот репрезентативец е големиот број повредени играчи кај „црвените ѓаволи“.

– Шо, Ерера и Фелаини нема да се вратат до Божик. Можеби и Крис Смолилинг, но ќе погледнам како стои работата во среда. За некои играчи овој период е забавен бидејќи брзо закрепнуваат, но со некои тоа не е случај, па морате да ги ротирате – додаде холандскиот експерт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...