Играта Vampire Survivors е една од најдобрите игри направени од само еден човек, кој што го освои светото, и е многу добар новогодишен поклон за пријател гејмер. Се работи за понова игра во стил на постарите пикселизирани игри.
Играта има роуг-лајт елементи каде што доаѓаат бескрајни бранови на непријатели што ве преплавуваат како „зерги“ со градуално раснење на нивниот број и брзина. Целта е кој играч ќе издржи највеќе бранови и ќе останете жив. Играта има лимит и крај и може да биде “свртена” односно завршена.
Додека во официјалниот опис на играта е спомнато дека се дефинира како „еготик хорор кeжуал игра со роуг-лајт елементи“. За разбирањето на вакви и слични термини ви препорачуваме да го прочитате следниот водич за RPG термини овде.
Умирањето во играта е брутално како во Souls игрите и се случува многу често, се додека не ги сконтате сите финеси со кои се преминува преку сопствените граници до следни повисоки нивоа на побрзи, посилни и поиздржливи хорди од непријатели кои навалуваат на вас од сите страни одеднаш без престан.
Играта е интересна и е вистински предизивик да се заврши до крај. Во самото напредување иако наградите и оружјата се рандомизирани има оружја со кои полесно се чистат грдосиите и абоминациите што упорно пробуваат да ве убијат целовремено.
Наградите што ги има добиено Vampire Survivors се наведени во следнава слика:
Играта иако едно време беше мега популарна, се тоа се врати минатата недела кога беше бесплатна на Epic Games. Но има разлика да ја имате играта на Steam и на Epic Games. Затоа што Steam е покористена платформа за сериозни гејмери и често нуди подобри опции како ачивменти(достигнувања), карти, значки што може да се соберат од игри и од самото играње.
Затоа и луѓе прекупуваат игри на Steam што веќе ги имаат од Epic Games. Додека базичната игра се продава на Steam за само 4,49 евра а и самите експанзии (продолжетоци и додатни содржини) за играта се евтини -од кои најдобра е Ode to Castlevania што чини 3,39 евра.
За да ја подарите на пријател гејмер ја одбирате Gift опцијата при плаќање за играта го селектирате пријателот на Steam и се испорачува веднаш самата игра, пријателот добива нотификација и треба да го прифати подарокот-игра и автоматски потоа се внесува во нивната библиотека од достапни купени игри на Steam.