fbpx

Вакцината против ковид-19 ќе биде бесплатна, најави Филипче

-

Во интервју за „Слободен печат“, министерот за здравство Венко Филипче информира дека ќе се набави оксфордската вакцина „Астра зенека” против корона вирусот која се користи во Европската Унија.

„Сè уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно. Имаме два механизми во овој момент за набавка. Едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација. Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Во меѓувреме, добивме и понуда од полската амбасада, за што сакам да му изразам благодарност на амбасадорот на Полска во нашата земја. Земјите членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина „Астра зенека”. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор“ соопштува министерот.

Филипче смета дека свеста за значењето на вакцините е подигната, особено по минатогодишната епидемија со морбили. Како што вели тој, кога има болест за која нема вакцина, луѓето стануваат свесни колку вакцинацијата е важна.

Министерот вели дека наесен се очекува зголемен број на пациенти од друга патологија, како сезонски грип, кои би ги окупирале истите одделенија каде сега се лекуваат пациентите од ковид, што би значело дополнително оптоварување на здравствениот систем.

„Од друга страна, поради поинтензивните и чести контакти во затворени простории, што не е случај во летните месеци, ќе доведе до зголемен ризик од трансмисија на коронавирусот. Менаџирањето на болничките капацитети е еден од најсериозните индикатори дали добро се менаџира кризата. Стратегијата ни е пациентите со коронавирус целосно физички да ги одделиме од постојните болнички капацитети, за да тие продолжат со нормална работа и да нема застој за другите пациенти“ појаснува Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...