Вакцината против коронавирусот ќе биде тестирана кон крајот на април, најавија кинеските власти.

Во последните 24 часа бројот на заразени од новиот вирус достигна вкупно 75.465 лица, а билансот на жртвите изнесува 2.236, откако се регистрирани уште 118 починати.

Повеќе од илјада случаи на заболени и 11 починати лица се потврдени надвор од континенталниот дел на Кина.