В среда, во 12 часот, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одбележи 80-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател, Петре М. Андреевски. За неговото творештво ќе зборува поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ. Стихови од култната стихозбирка „Дениција“ ќе кажуваат артистот Борче Начев и Александра Велинова.
Петре М. Андреевски (1934 – 2006) е претставник на третата генерација современи македонски писатели.
Тој беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година. Во еден мандат беше претседател на ДПМ.