fbpx

В сабота по 40. пат граѓаните ќе протестираат против „Топлификација“

-

В сабота, кај Порта „Македонија“, во 12 часот ќе се одржи протест на граѓаните кои се исклучени од топлификациската мрежа.

Како што информираат граѓаните, протестот што ќе се одржи в сабота ќе биде последниот на кој ќе се договараат и за прославата што планираат да ја одржат по повод изгласувањето на законите со кои ќе бидат ослободени од плаќање паушал.

„Имено, в понеделник, на 21 декември 2015 година, Собранието ќе ги разгледа предлог- законите поднесени од СДСМ и од Павле Трајанов со што исклучените од „Топлификација“ ќе бидат ослободени од понатамошно угнетување. Исклучените од „Топлификација“ веруваат дека Собранието ќе ги усвои овие закони. По тој повод ќе се организира пригодна прослава, а в сабота ќе се договараат деталите за оваа прослава. „Бомбата 39“, која ќе биде прочитана на протестот в сабота, е посветена на ватерполо-натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Грција што се одржа на 16 март 2010 година. Малку недостигаше овој натпревар воопшто да не се одржи бидејќи базенот „Младост“ доби  месечна фактура од „Топлификација“ во висина од 20.000 евра и мораше да биде испразнет од вода“, пишува во соопштението на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...