На 20 и на 21 декември 2014 година, сабота и недела, сообраќајот ќе се се регулира со привремена измена на режимот поради изведување фекална канализација до населеното место Сопишта и до локалитетот Сончев град.

Привремено ќе биде изменет режимот на движење на булеварот Србија, кај влезно-излезната улиица на бензинската пумпа „Макпетрол“, која се наоѓа на десната страна на булеварот Србија во насока кон булеварот „Јане Сандански“.

Учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат привремено поставената сигнализација и да го приспособат возењето во согласност со привремената измена.